Младеновиќ две години во францускиот Кретеј

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Македонскиот репрезентативец Михајло Младеновиќ успешно го мина тест периодот во Франција и потпиша двегодишен договор со екипата на Кретеј од Париз.

Младеновиќ ракометните основи ги стекна со играњето во екипата на РК Металург, потоа премина во редовите на ГРК Охрид, за одново да се врати во скопската Автокоманда, но овој пат како ракометар на РК Алкалоид, клуб со кој освои македонски Куп, Суперкуп и ЕХФ Европски Куп. 
Летово дојде и денот на разделба со РК Алкалоид каде што стекна знаење плус и се очекуваше да потпише за клуб од Блискиот исток, но не се одлучи за таков чекор во кариерата, туку остана во Европа и замина за Франција.
 


„УС Кретеј Хендбал со задоволство го објавува потпишувањето на двегодишен договор со Михајло Младеновиќ“, објави денеска францускиот клуб. Тој се докажа со својата посветеност и ракометна култура и добро се интегрираше во клубот“, објави УС Кретеј.


Младеновиќ ги мина младинските репрезентативни категории на Македонија и стигна и до националниот состав каде што е во сериозна конкуренција за место меѓу 16-те играчи. Игра во два правца, а додадена вредност во неговата игра е тоа што е особено корисен во дефанзивните задачи.

Поврзани вести