Алкалоид отпатува за Германија

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Екипата на РК Алкалоид замина за Германија, каде што во недела со почеток од 17:00 часот ќе го одигра првиот од двата квалификациски натпревари во ЕХФ Европската лига.

Противник на РК Алкалоид е еден од најдобрите германски тимови минативе неколку сезони, тимот на ТСВ Хановер-Бургдорф. „Воините“ минатата сезона беа лидери или блиску до првото место во Бундеслигата повеќе од 20 кола, а потоа во последните 10 кола го расипаа пласманот и завршија на шестото место, веднаш зад Флензбург.

Мечот ќе се игра во сала која има капацитет за 4500 гледачи, а ТВ пренос засега не е предвиден.

Поврзани вести