Брестовац доби големи засилувања

Фото: Архива/Данило Брестовац

По ланската успешна сезона на кормилото на катарскиот клу Ал Араби и обновениот договор, за следната сезона македонскиот тренер и поранешен селектор Данило Брестовац на располагање ќе има уште поконкурентна екипа, во која ќе има и двајца нови ракометари кои имаат во своето резиме запишано настапи за екипите на Барса и Пари Сен Жермен.
Најдобриот катарски пивот, Јусеф Бенали кој има играно за екипата на Барса е член на Ал Араби, а од унгарскиот тим Татабања доаѓа средниот бек Саду Н’Танзи. Тие двајца, покрај леворакиот бек Станислав Кашпарек и пивотот Томиќ формираат респектабилен квартет на ракометари со кои Брестовац ќе може да ја повтори ланската сезона, а линијата не е подвлечена и можно е да има и други европски новитети во тимот.

Поврзани вести