Двајца Македонци во ЕХФ изборите

Photo: mkdhandball

Европската ракометна федерација ги објави листите на кандидати за органите на федерацијата за кои ќе се гласа на претстојните избори во ЕХФ што ќе се одржат на 19/20 септември во Австрија.

Вкупно 117 кандидати има за 49 отворени позиции, а на списокот на кандидати се наоѓаат и двајца Македонци.

Генералниот секретар Влатко Тасевски е номиниран за член на EHF Court of Handball. Овцен претседател и два потпретседатели, уште шест члена ќе има во ракометниот суд, а кандидати има 13.

Име за кое не треба посебно претставување, Марјан Начевски е кандидат за член на EHF Court of Appeal. Аплецијата покрај претседател и потпретседател има има пет членови, а конкуренцијата е меѓу 13 кандидати.

Врвот на ЕХФ ќе остане непроменет затоа што единствен кандидат за претседател е Михаел Видерер, а истото важи и за сите други најважни позиции. 

Поврзани вести