ГОГ без Оли Митун во Битола?

Foto: IHF/Kolektiff

Данскиот тим ГОГ, веројатно најдобриот тим за усовршување и „производство“ на нови ракометни ѕвезди, сезонава во своите редови го доведе Оли Митун, еден од најдобрите млади играчи во светот.

Митун имаше малерозен почеток на сезоната и се повреди на натпреварот со Алборг каде што ГОГ беше очекувано поразен. Митун се обиде да мине покрај шведскиот пивот Феликс Мелер, но тој го зграби за раката и заработи црвен картон, а и Митун го заврши мечот.
Повредата на Оли Митун се верува дека е сериозна, иако засега нема конкретна информација за што се работи и колку долго ќе биде надвор од теренот.

Екипата на ГОГ е противник на македонскиот првак Е. Пелистер во Лигата на шампионите. Нивниот прв меч е на 24 септември во Битола, каде што ѕвездата на Фарски острови најверојатно нема да може да игра.

Поврзани вести