Алкалоид го закажа дербито со Е. Пелистер

Третото коло во Суперлигата ќе биде одбележано со два дерби натпревари на кои ќе се сретнат екипите од големата четворка во македонскиот шампионат.
Двата меча ќе се играат во Скопје. Во салата „Борис Трајковски“ екипата на Вардар 1961 ќе го пречека тимот на ГРК Охрид, а во салата „Автокоманда“, екипата на Алкалоид ќе го пречека тимот на Еурофарм Пелистер.

РК Алкалоид го закажа дерби мечот со актуелниот првак во недела (21.9.2025), со почеток од 18:00 часот што е фер потег на клубот од Автокоманда имајќи предвид дека во четврток битолчани ќе гостуваат во Париз на меч од Лигата на шампионите.



 

Поврзани вести