Македонија подобра од Тунис, денеска против Египет

Репрезентацијата на Македонија го совлада тимот на Тунис во првото коло од турнирот „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид.

Македонската репрезентација запиша победа од 34-27 (15-12) во натпреварот во кој најдобри стрелци со по шест постигнати голови беа Емилијана Ризоска и Катерина Дамјановска. По четири голови постигнаа Марија Јанкуловска, Ива Младеновска и Јована Кипријановска.

Вечерва со почеток од 20:30 часот, репрезентацијата на Македонија ќе игра со тимот на Египет. Во првото коло, репрезентацијата на Египет играше против Грција и беше тесно поразен со резултат 25-22.
Грција вечерва игра со Тунис и на повидок е натпревар меѓу Македонија и Грција за првото место на турнирот.

 

Поврзани вести