Алкалоид без проблеми до бодовите со Радовиш

Фото: РК Алкалоид/Роберт Спасовски

РК РАДОВИШ - РК АЛКАЛОИД  23-35 (13-18)
Сала: „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Ѓорѓи Дучков
РК РАДОВИШ: Паунов, Димов 2, Петров, Постолов 8, Трајчевски 3, Ацев, Јанковски 2, Ристов, Табаков 2, Јовановски, Трајанов, Каковски 4, Ѓоргиев, Ончев, Атанасов, Костадинов 2
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 2, Тордарсон 6, Маркоски, Серафимов 2, Карасманакис 1, Стојковиќ 5, Ѓоргиев 1, Велковски 3, Симоноски, Ивановски 2, Костески 3, Петковски 1, Борзаш 4, Ѓорговски 5
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 2 мин. 




Алкалоид ја запиша втората победа во четвртиот настап во Суперлигата сезона, втора остварена на гостински терен, додека екипата на Радовиш го запиша четвртиот пораз од исто толку одиграни натпревари.
Вечерва во Радовиш, избраниците на Кирил Лазаров беа доминантни на натпреварот со домашниот Радовиш и запишаа убедлива победа.

Средбата одлично за гостинскиот тим ја отворија Тордарсон и Стојковиќ кои беа стрелци на првите пет гола (5-2), а потоа разликата во полувремето порасна до максималните седум гола во еден момент (9-16), за на полувреме да се замине со резултат 18-13 за скопскиот тим.
Слично беше и во второто полувреме. Домашните се обидуваа да парираат колку што знаат и умеат, пружија борба, но во 47 минута веќе беше десет плус за скопските сино-бели (29-19).

Во последните 13 минути не се случија големи промени, бројките на семафорото осцилираа околу границата од 10 гола за конечно мечот да заврши со резултат 35-23. 

Поврзани вести