Клупско СП: Падна Магдебург, Веспрем е во финале

Photo © IHF

ВЕСПРЕМ – МАГДЕБУРГ 23-20 (9-11)
Коралес (13 одб), Али Зеин 5, Адел 5 – Хернандез (10 одб), Хорнке 5, Гисли 4, Клар 4


Екипата на Веспрем ќе ја брани шампионската титула на клупското СП, откако денеска го солада актуелниот европски првак Магдебург (23-20) во полуфиналето на Клупското СП 2025.

Дуелот меѓу Веспрем и Магдебург изобилуваше со резултатски возбудувања, а Магдебург беше тимот што по 30 минути игра замина со предност во соблекувалната (11-9). Екипата на Веспрем беше во минус од 10-12 кога предводена од Али Зеин и Ахмед Адел постигнаа седум гола по ред за унгарскиот тим, а серијата беше 7-2 и Веспрем не само што во презема водството, туку во 48 минута водеше и со четири гола разлика (19-15).

Магдебург успеа да намали на 20-21 во 57 минута, но Ремили и Деска последни се запишаа во листата на стрелците и го одведоа Веспрем во финалето каде што најверојатно ќе се сретне со Барса која во второто полуфинале за противник го има Ал Ахли.

Поврзани вести