Екс тренер на Пелистер ќе го води Замалек

Photo: SEHA

Жељко Бабиќ, познатиот хрватски тренер кој го водеше и македонскиот тим Еурофарм Пелистер во периодот од 2020 до 2022 ќе биде новиот тренер на египетскиот вицепрвак Замалек.

Египетскиот клуб среде Светско клупско првенство, по високиот пораз од Барса (29-47) го отпушти францускиот тренер Франк Морис и сега ќе го пополни неговото место со Бабиќ кому последен поголем трансфер му беше во Олимпијакос, а потоа кратко работеше во Хрватска.

 

Поврзани вести