Виран Морос ќе игра во Лос Анџелес

Photo: Los Angeles Handball Team

Екипата на Лос Анџелес доби нов сопственик и веќе во првата недела потпишаа со пет нови ракометари меѓу кои има и три добро познати имиња.
Ендрју Донлин, најпознатиот американски ракометар, кој има играно меѓудругите клубови и за Баер Дормаген и Адемар Леон се враќа во калифорниската екипа во која ќе брани и поранешниот голман на репрезентацијата на Иран, Мошен Бабасафари.
Најзвучното име доаѓа од Шпанија. Нов член на ЛА Хендбал е и Виран Морос, своевремено прогласуван за најдобар дефанзивец во светот во разни избори и член на куќата на славните на ЕХФ.
































 

Поврзани вести