Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски
РК Алкалоид не можеше вистински да се израдува на триумфот во ЕХФ Европскиот Куп поради каприците на грчкиот АЕК и инертноста на комисиите на ЕХФ. Триумфот беше остварен во мај, признанието стигна во јуни, пехарот во септември, а во меѓувреме се промени и екипата. Некои играчи заминаа, некои дојдоа.
Благојче Трајкоски минатата сезона бранеше за екипата на Алкалоид, годинава е на голот на Бутел Скопје. На своето прво соочување со поранешниот клуб, првото гостување во Автокоманда на Бутел Скопје, РК Алкалоид му го врачи медалот од ЕХФ Европскиот Куп што Благојче Трајкоски со заслужи со настапите во Алкалоид минатата сезона.