Што го чека ГРК Охрид во третото коло?

Фото: ГРК Охрид

Одиграни се во најголем дел првите натпревари од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп. Меѓу нив има и два македонски клуба, ГРК Охрид кој со две победи се пласираше во третото коло на ова натпреварување и ГРК Тиквеш кој извесно ќе биде елиминиран од Бешикташ откако на првиот меч загуби со 11 гола разлика.

Дополнително беше дотурено и уште малку сол на раните на Бутел Скопје, затоа што екипата од Луксембург од која беа елиминирани во првото коло, се прошета на два дуела со косовскиот Раховец и сега ќе игра и во третото коло.

ГРК Охрид е единствената успешна приказна сезонава во овој Куп, а тие веќе ги следат можните противници за третото коло, во кое има многу малку екипи што би можеле да им направат проблем со оглед на тоа дека ГРК Охрид ќе биде носител.

ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
2 КОЛО: 
Резултати

ГРК Охрид - Баки 38-21 (44-11)
Нербо - Татабања 32-30
Констанца - Дукла Прага 27-37
Извиѓач - Беса 40-19
Брно - Конверзано 31-27 (25-20)
Виланди - Рунар 26-45
Кремс - Маргаретен 31-27
Сасари - Бистрица 34-26
Сиракуза - Олимпијакос 28-34
Динамо (П) - Бањик 29-27
Бешикташ - Тиквеш 31-20
Следен викенд:
Вослау - Тримо Требње
Вогошча - БК-46
Странда - Војводина
Хафнарфјордур - Нилуфер
Бузау - Леотар

МОЖНИ ПРОТИВНИЦИ НА ГРК ОХРИД:
Слога Добој – Добеле 41-31
Дуделанж - Раховец 45-27 (41-34)
Металопластика - Сур 28-30
Бохолт - Целје 27-31
Европски У. Кипар - Полва Сервити 23-31
Свиеса - Мотор 31-25
Волендам - Касано 28-29
Ловќен - Драма 32-27
Балатон - Ќур 42-19
Тирол - Клаипеда 29-27
Следен викенд:
Коњух – Х71
Ред Бојс – Кастриоти
Берхем - Оксфорд
Диомидис - Будванска Ривијера
Анортозис – Макаби
ПАОК – Холон
 

Поврзани вести