ТВ ПРЕНОС: Вардар 1961- Сесвете, Нексе - Партизан

Фото: mkdhandball

Денеска почнува групната фаза од ЕХФ Европската лига во која ќе го следиме настапот на македонскиот вицепрвак Вардар 1961. 
Црвено-црните имаат лесна група во која би требало да освојат едно од првите две места и да го продолжи настапот во следната фаза. Вардар е во група со екипите на Тулуз, Кристијанштат и со екипата на Сесвете од Хрватска која е првиот гостин во Скопје. 
Денеска со почеток од 18:45 часот во „Јане Сандански“, РК Вардар ќе го игра првиот натпревар со хрватскиот тим, а мечот директно ќе биде пренесуван на МТВ и на Арена Спорт 5.
Со почеток до 20:45 минути, пак, на ТВ Арена Спорт 5 ќе биде пренесуван натпреварот меѓу екипите на Нексе од Хрватска и Партизан од Србија. 

Поврзани вести