-
14.10.2025
-
Македонски ракомет
Фото: РК Алкалоид
Урош Борзаш, Урош Митровиќ и Дарко Ѓукиќ се тројцата српски интернационалци што играат во Македонија кои се најдоа на првиот список на новиот српски селектор Раул Гонзалез.
Србија ќе игра пријателски меч со Словенија во Неделата на ЕХФ, а Раул состави комбинирана екипа од која изостанаа две познати имиња: Никола Црноглавац од Партизан и Вукашин Воркапиќ од Војводина.
Бекот на норвешкиот тим Колстад, Симон Лисе потпиша договор со Пари Сен Жермен до јуни 2029 година. Лисе ќе го замени египетскиот лев бек Абделрахман Абду кој ќе замине од клубот на крајот на сезоната.
Moжноста Симон Питлик да замине од Флензбург и да игра во тандем со Матијас Гидсел во Берлин е информација што ја скокотка германската и данската јавност до таа мерка што клубовите мораа јавно да реагираат.
„Нема излезна клаузула до крајот на 2026/27 и немаме намера да го проададеме“, изјави Љубомир Врањеш, директорот на Флензбург.
Питлик има договор до клубот до 2030 година, па дури и да замине најрано во 2027, за него ќе треба да е плати висока отштета.
Ракометната БиХ одново се справува со скандали. Пред неколку денови, тренерот на РК Искра Бугојно, Емир Караџа, почина од срцев удар непосредно по натпреварот со РК Челик видно вознемирен од мечот и особено од судискиот пар Бркиќ и Зуко. Имено, судискиот пар и по натпреварот во блискиот ресторан каде што Караџа ја пишувал жалбата имале конфликт со тренерот.
РК Искра ги посочи судиите како фактор што довел до трагичниот епилог и тие сега се на голем удар во јавноста не само со коментари туку и со закани, па и здружението на судиите мораше да реагира со соопштение со кое се обидува да ја смири топката и повикува на разум и достоинство.
Дисциплинска постапка ќе има против екипата на ФТЦ во Унгарија чии што навивачи на мечот со Ѓер (пораз од 15 гола), истакнале транспарент на кој пишувало: Го мразиме цел Ѓер без оглед на раса, пол и возраст“.
Поврзани вести