Конечно, победа за кадетите

Кадетската репрезентација на Македонија во второто коло од Трофеј Карпати ја совлада домашната репрезентација на Романија со резултат 33-24.
Во првото коло Македонија играше против селекцијата на Полска и загуби 28-39, но денеска беа во подобро издание, а и играта на противничката екипа повеќе ни одговараше. Македонија водеше 11-8, 15-10, на полувреме беше 17-13. Во вториот дел имаше комплетна контрола и не дозволи противникот да се доближи.

Во последното коло, Македонија за противник ќе ја има репрезентацијата на Србија.

Поврзани вести