ТОП ВЕСТИ: Германците не знаат за пораз 257 дена

Photo: TSV Hannover - Burgdorf

➡️ Германските екипи сезонава сѐ уште немаат пораз на европската сцена во сите натпреварувања. Последниот пораз на германски тим е стар 149 дена, во финалето на Лигата на шампионите кога Берлин загуби од Магдебург. Но, тоа е пораз на Германци од Германци, а последен пат германски тим во Европа загубил од екипа што не е германска е во февруари, односно пред 257 дена кога Магдебург беше поразен од екипата на Колстад.

➡️ Пивотот од БиХ, Сенјамин Буриќ, ракометар на данскиот Скјерн, заработи повреда на Ахиловата тетива и ќе биде отустен од теренот околу три месеци.

➡️ Крилото на Хановер-Бургдорф, Мариус Стенхаузер заработи фрактура на дланката, а со тоа пропадна и шансата за игра на ЕП. Тој ќе отсуствува од теренот веројатно околу два месеца.

➡️ Тунискиот плејмејкер на Мелзунген, Мохамед Дармул се повереди минатата сезона на дуелот со Вардар 1961 во ЕХФ Европската лига. Тогаш настрадаа лигаментите, беше опериран и на теренот се врати сезонава во септември. Тунижанецот би требало да се пресели во Штутгарт следната сезона, но прашање е дали тој трансфер ќе се реализира, затоа што на последниот меч, одново на раце беше изнесен од теренот со голна гримаса поради повреда на колено.








 

Поврзани вести