Младинците на Алкалоид поставија рекорд сезонава

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Многу постигнати голови на натпревар, особено во помладите категории каде што разликата меѓу екипите понекогаш е голема, не е реткост. Една од екипите да постигне повеќе од 40 гола веќе не е вест, не е реткост да се премине и границата од 50 постигнати голови.
Но, младинскиот тим на РК Алкалоид постави нов рекорд сезонава, вчера на натпреварот со екипата на Вардар Неготино, вреден да се одбележи.
Младинците на Алкалоид постигнаа 66 гола против неготинскиот тим и славеа победа од 66-21 (31-10). Сите ракометари на домашниот тим се запишаа на листата на стрелци освен голманите, а најефикасен со 10 постигнати погодоци беше ракометарот кој повремено добива шанса и во првиот тим - Максим Гарбески.

Поврзани вести