ТВ ПРЕНОС: Фуксе Берлин - Кил

Врвен натпревар од најсилната ракометна лига денеска ќе може во живо да се следи на ТВ. Матијас Гидсел против Елијас Елефсен а Скипаготу, односно Фуксе Берлин против Кил во првенствен натпревар во Бундеслигата.
Предноста е на страната на домашните затоа што во пресрет на овој меч Емил Јохансен, Магнус Ландин и Никола Билик и уште некои играчи имале проблеми со стомачен вирус, а подолго време се повредени Пекелер и Мадсен.

Но,обратете посебно внимание на репрезентативецот на Фарски острови кој сезонава игра на највисоко ниво и стана еден од најдобрите ракометари во светот.

Натпреварот почнува во 18:00 часот, а директен ТВ пренос ќе има на каналот ТВ Арена Спорт 3.

Вечерва од 20:00 часот ќе се игра и друг мега дуел, се среќаваат Флензбург и Магдебург, но од тој натпревар засега не е  најавен ТВ пренос. 
 

Поврзани вести