Топ вести: ПСЖ купи дански пивот, завршува една ера во Холандија...

Photo: © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)

ПСЖ објави дека потпишал двегодишен договор со данскиот ракометар Фредерик Ладефогед (фото). Овој 201 сантиметри висок пивот сезонава настапува за романската екипа Динамо Букурешт, а претходно има играно и за екипите на Холстебро, Скандерборг, Сондерјуске и германскиот клуб Бергишер. 

Некогашниот женски европски првак, данскиот Виборг објави дека го продолжил договорот со плејмејкерот од Фарски острови, Јана Митун до 2028 година. Јана Митун (21) е постарата сестра на една од најголемите млади ракометни ѕвезди во светот - Оли Митун (ГОГ) и роднина на Елијас Елефсен а Скипаготу, ѕвездата на Кил. 

Две големи ѕвезди на женската репрезентација на Холандија, Естевана Полман и Луис Абинг објавија видео во кое најавија односно информираа дека настапот на претстојното СП (Холандија и Германија) ќе биде последен за нив во репрезентацијата на Холандија. 

По неколку месеци шпекулирање, се чини дека дојде крај на трансфер сапуницата околу трансферот на унгарското крило Бенце Имре од екипата на Кил во екипата на Веспрем. Се очекува, само формално да биде потврдена веста. 

 

Поврзани вести