СУПЕРЛИГА: Денеска битки за плејоф билет

Фото: МРК Куманово

Уште четири натпревари остануваат до комплетирањето на 12 коло во машката Суперлига. Натпреварите со поголема резултатска неизвесност ќе се играат во Битола, каде што Е. Пелистер 2 го пречекува Прилеп, потоа во Радовиш каде што истоимениот домашен тим ќе ја брка првата победа, а му гостува Куманово и во Кавадарци каде што ГРК Тиквеш ќе го пречека тимот на Тинекс Пролет 62. 

СУПЕРЛИГА 12 КОЛО
ДЕНЕСКА:
15:30  Е. Пелистер 2 - Прилеп
16:00  Радовиш - Куманово
18:00  Е. Пелистер - Бутел Скопје
19:30  ГРК Тиквеш - Пролет 62

Табела: 1. Вардар (24), 2. Е. Пелистер (19), ГРК Охрид (19), Алкалоид (18), ГРК Тиквеш (12), Бутел Скопје (11), Е. Пелистер 2 (10), Т. Пролет (9), Прилеп (8), Струга (4), Куманово (2), Радовиш (0)

Сите натпревари ќе можете да ги гледате во живо преку интернет пренос, а ќе бидат стримувани на официјалниот Јутјуб канал на РФМ 

 

Поврзани вести