Цехте во Берлин е готова работа?

Photo: Mkdhandball/Radovan Vujovic

Трансферот на словенечкиот бек Нејц Цехте од екипата на Еурофарм Пелистер во Фуксе Берлин се чини дека е готова работа на која се чека само официјализирање од страна на клубовите или самиот ракометар.

Фуксе Берлин бара замена за повредениот Фабијан Виде, а Е. Пелистер има три десни бека во моментов, па не би се направила голема дупка во ростерот со негово евентуално заминување. Трансферот би требало да се реализира што побрзо, па нема да мора да чекаме долго за потврда или пак за демант.

Поврзани вести