Охрид е веќе во Топ 16 од ЕХФ Куп

Фото: ГРК Охрид

ГРК ОХРИД – СЛОГА ДОБОЈ 37-19 (16-8)
Петриќ 8, Ѓукиќ 8 – Милисављевиќ 8


Македонскиот претставник ГРК Охрид е практично пласиран во следната фаза на ЕХФ Еворпскиот Куп, а тоа е Топ 16 фазата во која на списокот на можни противници покрај побројните посакувани, ќе се појават и малку понезгодни екипи како Татабања, Бешикташ...
ГРК Охрид денеска во првиот меч од третото коло ја совлада екипата на Слога Добој од Бих со 37-19 и со цели 18 гола предост ќе патува на реваншот во Добој, историско ракометно место, каде што овој пат ќе ја пишува својата ракометна историја.
Охридскиот состав беше фокусиран и компактен и ја градеше предноста од првиот момент. Водеа 10-5, 12-16 (16-8) охридските ракометари, а во ист и уште подобар ритам го одиграа и вториот дел што го добија со 10 гола разлика до конечните 37-19.
Стефан Петриќ и Дарко Ѓукиќ со по осум гола беа најефикасните, а Томи Јагуриновски додаде уште шест. Кај гостите единствено отскокна Тодор Милисављевиќ кој беше стрелец на осум гола.
Ниту во теоријата не постои шанса Слога Добој да го победи ГРК Охрид со 19 гола, но должни се охриѓани со цел респект кон играта и противникот да ја одработат и втората средба по што ќе им следи европски одмор до февруари.













 

Поврзани вести