Кастратовиќ е нов селектор на Јордан

Фото: РК Металург

Поранешниот тренер на екипите на Вардар, Металург и Тинекс Пролет, Зоран Кастратовиќ, одново ќе работи на Блискиот исток. 
Зоран Кастратовиќ е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Јордан и ќе додаде во своето доста богато меѓународно резиме уште еден селекторски предизвик. 
Блискиот исток не му е непознат, веќе има работено во Катар (Ел Џаиш), во два наврати во Мудар од Саудиска Арабија, Ал Кадсија од Кувајт, а беше и на клупата на Иран. 
Ниту селекторската работа не му е непозната, покрај Саудиска Аравија и Иран, беше селектор и на Црна Гора, а ја има водено и женската репрезентација на Македонија. 

 

Поврзани вести