АЕК падна во Солун

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Ланскиот финалист на ЕХФ Куп, грчкиот АЕК по суспензијата што ја доби од ЕХФ затоа што побегна од теренот во Скопје, играчки се реогранизираше, доведе неколку добри ракометари, а го смени и тренерот, па шанса на клупата доби португалскиот тренер Руи Силва.
Колку ќе истрае таму, ќе видиме, но веќе потроши голем џокер.

АЕК е поразен од ПАОК (27-29) и веднаш си ја поништи предноста што ја направи со победата над Олимпијакос минатото коло.
Игор Арсиќ поранешниот голман на ГРК Тиквеш беше играч на натпреварот, а сигурен реализатор во битни моменти беше и македонскиот интернационалец Евгениј Темелковски.

Сега Олимпијакос и АЕК се израмнети на врвот, со по осум победи и еден пораз, но нивната следна пресметка ќе биде на теренот на Олимпијакос.


 

Поврзани вести