Раул Алонсо доби отказ во Лајпциг

Photo: GRK Ohrid

Доскорешниот тренер на Еурофарм Пелисер, шпанскиот стратег Раул Алонсо издржа 12 натпревари на новото работно место – тренер на бундеслигашот Лајпциг.
Алонсо летово го раскина договорот со Е. Пелистер и се пресели во Германија, но таму по 12 кола има скор од 10 порази и 2 нерешени натпревари и денеска му беше врачен отказ.

Заедно со него отказ доби и спортскиот директор, кој сноси одговорност за составувањето на екипата.

Нов тренер на Лајпциг е Франк Карстенс кој досега ја водеше екипата на Лос Анџелес Хендбал од САД.

Поврзани вести