ТОП ВЕСТИ ОД ЖЕНСКИ РАКОМЕТ: Бојана во ЧСМ, Вјахирева во Данска, нов закон во Романија

Фото: РФМ

Романскиот парламент изгласа закон според кој сите екипи во колективните спортови се должни на теренот да имаат најмалку 40% домашни играчи. Со ракометен речник – три играчи на теренот мораат да бидат домашни.

⇒ Една од најдобрите светски ракометарки, рускиот десен бек Ана Вјахирева ќе замине од фрнцуската екипа Брест и следната сезона ќе игра во данскот тим Одензе.
Оваа данска екипа ангажираше и уште едно засилување од француската лига. Шведскиот голман Јохана Бундсен која брани во тимот на Мец ќе се пресели во Одензе следната сезона.

⇒ Екипата на Брест не само што ќе остане без Ана Вјахирева, на крајот на сезоната ќе се раздели и со тренерскиот тандем што во моментов го сочинуваат две поранешни репрезентативки на Франција – Рафаел Тервел и Сандрин Мерио.

⇒ Црногорската ракометна легенда, Бојана Поповиќ функцијата асистент во репрезентацијата на Данска ќе ја комбинира со тренерската клупа во Букурешт. Бојана од први јануари би требало да го преземе тимот на ЧСМ Букурешт.

Една од најголемите ракометни ѕвезди, норвешката ракометарка Нора Морк, потпиша продолжување на договорот со екипата на Есбјерг од Данска до 2028 година. 


 

Поврзани вести