Арнолдсен ќе го пропушти ЕП 2026

Photo: IHF

Еден од најдобрите ракометари на на Алборг и на репрезентацијата на Данска, Томас Арнолдсен ќе го пропушти Европското првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка во јануари, а на кое Данска уште во првото коло ќе игра против Македонија.

Медицинските прегледи покажаа дека се работи за сериозна повреда, фрактура на тибија, но за негова среќа повредата е таква да нема да има потреба од операција иако ќе биде „гипсиран“.

Паузата до неговото враќање е проценета на три месеци, што донекаде е и добра вест, затоа што ќе може да игра во вториот дел од сезоната и нема да ги пропушти најважните натпревари на неговиот тим.

Поврзани вести