Му го украдоа пехарот на Берлин

Photo: Fuechse Berlin (cropped image)

Екипата на Фуксе Берлин во јуни годинава прв пат стана шампион на Германија, но победничкиот пехар го „смени“ сопственикот по нецели шест месеци. 
Минатиот вторник, непознато лице или лица, влегле во канцеларијата на клубот и го украле шампионскиот пехар. 

Полицијата ја потврдила кражбата, а деталите до кои дојдоа германските медиуми велат дека немало знаци на насилно отворање на вратите. Сепак, клубот имал скриена камера во канцеларијата и сега таа е најголемата надеж дека провалникот ќе биде пронајден, а пехарот вратен. 

Инаку, шампионскиот пехар во Германија е сребрена чинија со дијаметар од 46 сантиметри, тешка 2.9 килорами, а нејзината вредност е околи 12.000 евра. 

Поврзани вести