Никола Билик потпиша за Криенс Луцерн!

Photo: THW Kiel

Не мина долго време, од најава стана потврдена информација. Никола Билик заминува од Кил на крајот на сезоната и потпиша тригодишен договор со екипата на Криенс Луцерн од Швајцарија. 
Трансферот е прилично големо изненадување имајќи предвид дека Никола Билик беше еден од најдобрите играчи на својата позиција, има зад себе полно резиме со успеси, 10 години играше за екипата на Кил и со таа препорака веројатно му беа отворени вратите од многу попознати и поамбициозни клубови отколку оваа швајцарска екипа. 
Но, џек пот наградата оди во Луцерн кој следната сезона ќе биде многу поконкурентен. Сезонава таму царува екипата на Кадетен која има скор од 14-14-0, додека Криенс е на третото место со пет натпревари помалку и со скор од 9-0-2. 

Поврзани вести