Топ вести: Билик си оди од Кил, новиот закон ги мотивираше Романците...

Photo: THW Kiel

Во Романија парламентот изгласа закон (Новаков закон) според кој 40% од играчите на терен во екипните спортови мора да бидат Романци, или во ракомет, на терен мора да има тројца домашни.
Тренерот на Динамо Букурешт, Португалецот Пауло Переира го „имплементираше“ законот и во Лигата на шампионите, иако не е обврзан во ЛШ да игра со тројца Романци на терен.
Така на мечот со Нант, на трибините останаа странците Миклош Рошта и Давид Лумбросо, а шанса добија Нестор, Бузле, Станчуик...
Епилог: Прва победа на Динамо Букурешт во Лигата на шампионите сезонава, по седум порази во низа.

⇒ Германските медиуми ја отворија вратата на најпознатниот клуб, Кил, низ која на крајот на сезоната треба да замине една долгогодишна аквизиција – Никола Билик.
Австрискиот репрезентативец своевремено беше еден од најкорисните играчи, но се повреди кога беше во врвот на формата и оттогаш мина многу време во кое успеа во континуитет да биде на поранешното ниво. Сега се појавија и шпекулации што допрва треба да бидат потврдени, а тоа е дека во јуни заминува.

⇒ Фуксе Берлин се сомнева дека кражбата на шампионскиот пехар и извесна сума на пари од клупската канцеларија е „инсајдерска“ работа. Крадците знаеле што прават, влегле со клуч и не оставиле никакви траги, иако се снимени со безбедносна камера.

⇒ Францускиот пивот Готје Лоредо ќе замине од ПСЖ и ќе се пресели во екипата на Шамбери. Овој ракометар доби голема доверба и одигра одлично во два правца, но во екипата се враќа рековалесцентот Камил Шипжак и неговата мисија е исполнета.

Поврзани вести