Вардар без Тузолана до крај на полусезоната

Фото: РК Вардар 1961

Екипата на Вардар 1961 во есенскиот дел од сезоната се промовираше во најсериозен кандидат за шампионската титула. Двата нерешени дуели на Еурофарм Пелистер со Алкалоид и серијата од 14 победи на црвено-црните го носат двократниот европски првак до пол позицијата во Суперлигата, иако ги чека дерби во Битола за десет дена, а и гостување во Автокоманда во февруари.

На Европската сцена, Вардар 1961 веќе има заверен пласман во Главната рунда на ЕХФ Европската лига, а утре ќе го пречека најслабиот тим во групата, францускиот Тулуз на натпревар што треба да му го обезбеди и првото место во групата.
Тренерот Иван Чупиќ и армијата навивачи на Вардар 1961 имаат многу причини за задоволство, но здравствениот билтен е проблематичен во текот на целата досега одиграна сезона.

Покрај подолго време отустните Милан Лазаревски и Мигуел Еспиња, до крајот на полуезоната ќе биде отсутен и Мамаду Кеита.

Откако се повреди Мамаду Кеита, Вардар одново беше на трансфер маркет и го ангажираше Мишел Жуниор Тузолана.
Французинот одлично се вклопи во играта и беше многу корисен, особено во реализација на контранападите, но и тој се повреди.
Тузолана нема да го видиме на следните четири натпревари од Суперлигата, а меѓу нив е и дербито во Битола што треба да се игра на 10 декември.




Тренерот Иван Чупиќ на денешната прес конференција, потврди дека овој квартет на играчи ќе биде отсутен до крајот на полусезоната.

Поврзани вести