Фото: Филип Вирановски/РК Алкалоид
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - РК АЛКАЛОИД 26-26 (17-13)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Митревски (13 одб), Хеидарирад, Манасков 9, Видомски 3, Ристевски 1, Хакбарт, Тајник 2, Хенигман, Радивојевиќ 3, Кузмановски 5, Кајаџиески, Петар Атанасијевиќ, Пешевски 2, Хосни 1, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 6/8 Исклучувања: 8 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов, Тордарсон 1, Маркоски, Никола Костески, Ненад Костески, Серафимов 4, Карасманакис 1, Стојковиќ 8, М. Митев 4, Ѓоргиев 6, Велковски 1, Д. Митев, Борзаш 1, Аларов
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 4 мин.
Еурофарм Пелистер и Алкалоид втор пат одиграа нерешено сезонава. По поделбата на бодовите во Автокоманда, овие два тима одиграа без победник и на дербито што се играше во полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола во рамките на 14 коло од Суперлигата.
Јунак на натпреварот за гостинската екипа беше голманот Иван Галевски, трагичар за домашните Богдан Радивојевиќ. Имено, на четири секунди до крајот при резултат 26-26 битолчани имаа пенал, но Галевски го одбрани шутот на српскиот интернационалец и му обезбеди голем бод на својот тим.
Е. Пелистер носен од публиката се обиде од почетокот на натпреварот да наметне доминација и резултатска предност што му успеа, но само делумно, односно до водство од 6-3. Марко Кизиќ имаше добро отворање на натпреварот, па во голема мерка благодарение на неговите одбрани го издржа првиот бран скопскиот состав. Потоа во игра влезе Игор Ѓоргиев кој беше излезот на тимот на Алкалоид од кризата и со пет гола од пет обиди го доведе Алкалоид до водство.
Генерално подобро изгледаа гостите до 20 минута, но пресврт во играта на Еурофарм Пелистер донесе полскиот интернационалец Анджеј Видомски кој со два гола од девет метри го понесе напред битолскиот тим, а истовремено гостите двапати ја погодија стативата, па мечот фати правец што им одговараше на домашните.
Е. Пелистер поведе со два гола разлика и подобро го препознаа моментот битолските ракометари, кои заедно со публиката тргнаа во еуфорична завршница по која во последните пет минути. Ракометарите на Алкалоид се загубија во нападот, почнаа не можеа да одржат ритам и битолчани стигнаа и фо плус пет (17-12), а до крајот на полувремето, Алкалоид постигна само уште еден гол.
На почетокот на вториот дел во ритам влезе и голманот Никола Митревски и се чинеше дека сѐ е готово кога Еурофарм Пелистер поведе со 23-16 во 40 минута од натпреварот.
Освежување во редовите на Алкалоид беше замената на голот, а нововлезениот голман Иван Галевски почна да ги сминува ударите на домашниот состав. Високото водство можеби ги олабави домашните, Гарабаја направи неколку измени што не му донесоа профит, а водството полека почна да се топи.
По неколку врзани грешки односно неискористени напади на двете страни во 50 минута Алкалоид намали на 22-24 и најави дека на оваа средба победникот не е решен.
При резултат 25-23, Иван Галевски му одбрани пенал на Дејан Манасков, потоа стана 25-24, па Кузмановски реализираше за 26-24, а одличниот Марко Стојковиќ намали на 25-26. Следеше лош напад на домашните по што Алкалоид доби нова шанса и преку седмерец на Серафимов израмни на 26-26.
Имаа 15 секунди домашните за напад, изнудија пенал преку Жарко Пешевски на четири секунди до крајот, но немаше еуфоричен крај за домашните, туку за гостите. Галевски одбрани и еден бод ќе патува за Скопје.