СП ЖЕНИ: Мундијалско фијаско на Хрватска

Photo: IHF

Репрезентацијата на Хрватска е најсериозниот кандидат да ја понесе етикетата најголемо разочарување на СП 2025 во женска конкуренција што се одржува во Германија и Холандија.
Хрватската репрезентација на СП дојде со многу играчки проблеми, не беше комплетна што оди како солидно алиби за избраничките на Ивица Обрван, но сепак, рејтингот што го донесоа со себе „кралиците на шокот“ велеше дека ќе ја поминат групата во која беа Данска, Романија и Јапонија.
По очекуваните порази од Романија и Данска, стигна и шокот за кралиците, па во последното коло Јапонија ги победи со 25-19 и Хрватска без освоен бод заврши на четвртото место во групата и прв пат во нивната историја ќе игра Президент Куп каде противници ќе и бидат Уругвај, Парагвај и Иран.
Студен туш доживеа и репрезентацијата на Шведска која во последното коло беше поразена од тимот на Бразил (27-31).
Денеска ќе биде комплетирана Прелиминарната фаза, а ќе бидат одиграни и првите натпревари од Главната рунда, со акцент на дуелите меѓу Србија и Шпанија, Исланд и Црна Гора, односно Германија и Фарски острови.

Поврзани вести