Германија продаде 100.000 билети за СП 2027!

Следното Светско првенство во машка сениорска конкуренција ќе се одржи во 2027 година во Германија. Квалификациите за тој мундијал почнуваат со Европското првенство во јануари 2026, пласманот на ЕП ќе ги одреди шеширите во ждрепката и директните патници, вкупно четири.

Германија, пушти во продажба еден блок билети и објави дека за еден ден се продале 100.000 влезници што е многу над очекувањата. Германија ќе игра во Минхен и во Келн и за тие натпревари речиси да нема останато билет. Како организатор, зачува дел од билетите што ќе им следуваат на другите репрезентации, но тие ќе бидат пуштени во продажба во јуни следната година откако ќе биде извршена ждрепката.

Поврзани вести