-
17.12.2025
-
Планета ракомет
Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски
Раул Гонзалез, селекторот на Србија, го скрати списокот на ракометари за настап на Европското првенство во 2026. Србија, исто како и Македонија на ЕП ќе игра во група во Хернинг, но нивните соперници се Германија, Шпанија и Австрија.
Тројца интернационалци од Македонија, Урош Борзаш, Дарко Ѓуќиќ и Урош Митровиќ се меѓу ракометарите што ќе се подготвуваат за финалниот турнир на ЕП.
Во тимот на Србија ќе биде и Вукашин Воркапиќ кој би требало да се пресели во Вардар, но не и голманот Милан Бомаштар, исто така поврзуван со Вардар. Тој е на поширокиот список на Раул, но има четворца други голмани пред него во моментов.
Состав Србија:
Голмани: Дејан Милосављев, Владимир Цупара, Андреј Трванац, Лука Кривокапиќ
Леви крила: Немања Илиќ, Вања Илиќ
Десни крила: Дарко Ѓукиќ, Вукашин Воркапиќ
Пикери: Мијајло Марсениќ, Драган Пешмалбек, Марко Јевтиќ
Бекови: Урош Борзаш, Урош Митровиќ, Милош Кос, Вељко Поповиќ, Аљоша Дамјановиќ, Стефан Додиќ, Лазар Кукиќ, Урош Којадиновиќ, Никола Црноглавац и Марко Тасиќ.
Поврзани вести