Фото: РФМ
Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари со кои ќе настапи на Европското првенство во Данска во јануари 2026.
Изненадувања на списокот нема. Ракометарите што добиваат шанса одговорност и минутажа и во клубовите но и што се потенцијал и за иднина добија покани.
Подмладувањето, поточно смената на генерации се во финалната фаза што на овој список е пресилкано со тоа што Никола Маркоски и Гоце Ојлески се на списокот на резервни играчи, а шансата ја добиваат Петар Атанасијевиќ односно Иван Џонов на позицијата лево крило, а на пивотменската позиција согласно офанзивно-дефанзивните карактеристики се Валентин Карасманакис и Самоил Ристевски, односно Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ и Михаил Аларов.
Подготовките на репрезентацијата почнуваат во понеделник, до крајот на оваа година ќе одиграат контролен меч со Хрватска во Пореч, а на почетокот на 2026 пред настапот на ЕП ќе играат на турнир во Швајцарија.
Потоа следува ЕП на кое сме во исклучително тешката група со четирикратниот светски првак и домаќин на ЕП, Данска и полуфиналистот на годинешниот мундијал – Португалија. Романија ја комплетира групата што ќе се игра во Хернинг на 16, 18 и 20 јануари.