Организаторите на ЕП во Хернинг, за тековното првенство ја организираа најголемата ракометна фан зона во затворен простор во историјата на Европските и Светските првенства.
Во специјално дизајнираниот простор за забава на фановите, има околу 40 чек-поинт точки на кои се сместени сите игри на кои можеле да се сетат организаторите.
Сакате да фрлате пикадо – нема проблем, сакате да шутирате топка за награда – тука се специјалните голови, сакате пинг-понг, фудбал на маса, билијард, сакате да купите дрес, привремени тетоважи, храна и пиење... се е тоа достапно во неколку чекори.
Во најголемиот дел од игрите може и да се освои некоја ситна награда од спонзорите што ги прави оатрактивни и се формираат редици за чекање.
Цените низ призма на македонски новчаник не се ни популарни ни симболични. На пример дрес од сениорската репрезентација на Данска чини околу 150 евра, а најпродавниот производ на вакви настани, а тоа е пиво, чини околу 9 евра за 0.5 точено во пластична чаша.