Присуството на Мартин Томовски меѓу стативите комплетно го смени текот на натпреварот со Португалија и неговите интервенции беа награда за борбата што се водеше на теренот. Драмата конечно заврши со поделбата на бодовите, а Мартин беше еден од хероите за таквиот епилог.
Додека на сите страни во микс зоната и под трибините прштеа емоции, неговата мајка нагрната со македонско знаме и топка што треба да биде потпишана од сите, трпеливо чекаше да се видат и да честита.
„Горда сум, навистина сум горда на него“, пресреќно говореше Татјана крај својот син…