Македонија на уште едно големо натпреварување успеа да приреди сензација и во пресрет на натпреварот со Романија од последното коло да има освоен бод на салдото. Целиот тим прикажа вистинска борба на теренот со фаворизираната Португалија и денеска атмосферата е поинаква, поведра во нашиот тим.
„Да, жалиме што не победивме затоа што можевме самите да решаваме за нашиот пласман во главната рунда, сега ќе треба некој друг да решава за нас. Сепак, одигравме храбро, изгинавме на терен 60 минути. Како да ни е судбина да се враќаме по големи негативи, но покажавме карактер со камбекот против еден ривал како што е Португалија. Треба да бидеме горди на себе, Македонија треба да биде горда, јас сум среќен, оваа репрезентација, овие млади момци имаат блескава иднина“, изјави Пешевски.