Цупара одбра исто како Душебаев

Photo: Kielce Handball/ Tomasz Fafara

Според информациите и тврдењата на романскиот „Проспорт“, српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара следната сезона ќе замине од редовите на екипата на Динамо Букурешт и ќе се пресели во бундеслигашкиот тим Гумерзбах.

Оваа некогаш славна германска екипа, под водство на исландскиот тренер Гудјон Валур Сигурдсон, сезонава стана хит во Бундеслигата. Од нивните редови на лето заминува Јулијан Кестер кој ќе оди во Кил, но покрај доаѓањето на Владимир Цупара, веќе најавивме и доаѓање на Алекс Душебаев во оваа екипа.

Поврзани вести