СУПЕРЛИГА: Охрид лесно до нови бодови

Фото: ГРК Охрид

Екипата на ГРК Охрид го совлада тимот на РК Прилеп 28-17 (14-11) на првиот натпревар во Суперлигата во 2026 година.
Охриѓани во целост ја оправдаа улогата на фаворит на овој дуел, запишаа нови два бода на своето салдо, а дебитираа и зимските засилувања Вуко Борозан и Џанфранко Прибетиќ. И двајцата постигнаа по два гола во оваа победа на ГРК Охрид.
До крајот на Прелиминарната фаза од натпреварувањето остануваат да се одиграат четири кола. Тековното ќе биде комплетирано викендов, а се среќаваат следниве екипи:


СУПЕРЛИГА
РЕЗУЛТАТИ:
ГРК ОХРИД – РК ПРИЛЕП 28-17 (14-11)
ПЕТОК:
ВАРДАР 1961 – МРК КУМАНОВО (19:00ч)
САБОТА:
АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ 62 (18:00ч)
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ (16:00ч)
ГРК ТИКВЕШ – РАДОВИШ (18:00ч)
Е. ПЕЛИСТЕР – Е. ПЕЛИСТЕР 2 (18:00ч)

 

Поврзани вести