Денеска е ден за дерби

Денеска ќе биде комплетирано последното 22 коло во машката Суперлига по што ќе бидат познати сите учесници во Плејоф и Плејаут и многу важен момент ќе биде пресметано која екипа колку бодови пренесува во следната фаза од натпреварувањето.

Голем дерби меч ќе се игра во Автокоманда каде што гостин ќе биде екипата на Вардар 1961. Вардар е на првото место на табелата и евентуална победа денеска би можела да му донесе капитална, можеби решавачка предност во битката за шампионската титула.

Алкалоид не е отпишан од ниту една трка, а мала е разликата меѓу второто и четвртото место. Новата распределба на местата во Лигата на шампионите и другите Купови, најверојатно нема да донесе промени за македонските екипи, а тоа ја качува цената и на второто место во првенството.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар 1961 почнува во 19:30 часот, а од 18:00 часот се среќаваат екипите на Бутел Скопје и ГРК Тиквеш. На скопскиот тим му е доволен и нерешен резултат за да се пласира во Плејоф првенството, додека гостите од Кавадарци веќе се пласираа во разигрувањето. Евентуален пораз на Бутел Скопје би бил дочекан со раширени раце од екипата на Е. Пелистер 2, која денеска игра со Струга од 16:00. Победа на тој меч ќе ја стави битолската екипа на прво место на листата на чекање на резултатот од мечот во Бутел.

СУПЕРЛИГА
22 ПОСЛЕДНО КОЛО
16:00 Е. ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ТИКВЕШ
19:30 АЛКАЛОИД – ВАРДАР 1961

Поврзани вести