Регионална лига повторно е балканска реалност

Балканските федерации повторно се активни со заедничка агенда, прв пат по замрзнувањето на статусот на СЕХА Лигата. РФМ денеска информираше за работниот состанок одржан во Загреб од каде што можеби ќе тргне нова ера на соработка меѓу федерациите. 

На иницијатива на ЕХФ, предводена од Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.
На состанокот на коj беше присутен и претседатело на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми:

- Формирање регионални машки и женски лиги за клубови
- Можност за старт на женска регионална лига од септември 2026
- Машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата
- Предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони
- Иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални
- Формирање регионална кадетска лига за репрезентации
- Овие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот.

Поврзани вести