Повик за пријава за мини ракомет!

Ракометната федерација на Македонија прави оид да го заживее ракометот во најмладите категории, а базата за забава и играње на најмладите ќе биде мини ракометот каде што ќе играат дечиња најмногу до 12 годишна возраст.

Ракометната Федерација на Македонија објавува Јавен повик за организирање и учество во натпреварување во Мини ракомет за деца родени 2014 година и помлади, со цел развој на ракометот кај најмладите и поттикнување спортски дух, фер-плеј и здрави навики.
Право на учество имаат клубови, училишта и ракометни школи, а пријавите на официјалниот маил на РФМ најдоцна до 14.03.2026, со основни податоци за клубот и список на играчи.
Со почит, Ракометна Федерација на Македонија.

Поврзани вести