Е. Пелистер стартува против Алборг

Фото: Архива/РК Еурофарм Пелистер

Новата кадетска екипа на Еурофарм Пелистер има пред себе тешка задача да го повтори успехот на ланскиот состав кој успеа да се пласира на Ф4 турнирот во ЕХФ Младинскиот клупски трофеј. 

Битолчани ќе играат на турнирот во Пореч, на 30/31 март, а во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Алборг од Данска.
Другиот полуфинален пар го сочинуваат екипите на Фуксе Берлин и Загреб.
Победникот ќе игра на Ф4 турнирот во Келн, Германија за време на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во машка конкуренција. 

Поврзани вести