Талант Душебаев е нов селектор на Франција!

Photo: Mohan/Doha Stadium Plus Qatar/ Creative Commons Attribution 2.0 Generic (cropped image)

Франција има нов селектор и тоа ни помалку ни повеќе - Талант Душебаев. Големата промена на клупата на Франција беше најавена пред два дена, а оттогаш многу брзо почна да се одмотува клопчето. 
Веднаш по најавите дека Гијом Жил ќе биде првиот селектор по ЕП 2026 што ќе остане без работа, следеше прес конференција на Французите на која Гијом Жил ја соопшти својата одлука да замине од клупата на француската репрезентација.
Не минаа ни два часа, а Француската федерација објави дека нов селектор во следните две години ќе биде Талант Душебаев. 

За Франција ова ќе биде прв странец селектор од 1958 кога ги водеше Германецот Бернар Кемпа,  а за Талант Душебаев ова е враќање на чело на репрезентација по девет години. Пред речиси една деценија ја водеше Полска, каде што ќе остане да работи како тренер на Келце со кого има договор до крајот на сезоната. 

Уште една симболика поврзана со овој трансфер е дека Талант Душебаев на клупата на Франција ќе дебитира на пријателски натпревар со Шпанија, репрезентација чиј дрес го носеше откако престана да настапува за СССР. 

Поврзани вести