Фото: РФМ
Женската репрезентација на Македонија со победата во Куманово над Белгија најверојатно го обезбеди третото место во групата од квалификациите за ЕП 2026. Чудо треба да се случи, односно Белгија да остане непоразена на еден од дуелите со Словенија или Германија за тоа да се промени. Таков резултат не е за верување, исто како што не е за верување дека и Македонија ќе остане непоразена на дуелите со Словенија на гости и со светскиот вицепрвак Германија на домашен терен.
Македонија најверојатно ќе биде трета во групата и за пласман на ЕП ќе треба да има подобра гол разлика од најмалку две од шесте третопласирани во другите групи. Во предвид се земаат само резултатите од дуелите со првите две репрезентации.
Во групата во која се Црна Гора, Исланд, Португалија и Ф. Острови сите екипи ќе имаат по една победа над тимовите што ќе бидат прво и второ место, што значи дека третопласираниот од оваа група сигурно ќе оди на ЕП.
Така остануваат три места за кои ќе конкурираат пет екипи меѓу кои и Македонија.
Гол разликата со првите две екипи во групата, за овие кандидати во моментов изгледа вака:
УКРАИНА: Има гол разлика -19 гола и дуели со Шведска дома и Србија на гости.
МАКЕДОНИЈА: Има гол разлика -24 гола и дуели со Словенија на гости и Германија дома.
ФИНСКА: Има гол разлика -25 гола и дуели со Хрватска дома и Франција на гости.
ИЗРАЕЛ/ГРЦИЈА: Нивните дуели се одложени/откажани. Сеедно Израел има -25 гол разлика и дуели со Австрија дома и Шпанија на гости. Грција има -27 гола и дуели со Шпанија дома и Австрија на гости.
ИТАЛИЈА: Има гол разлика од -35 гола и дуели со Холандија дома и Швајцарија на гости.
Според оваа табела, шансите Македонија да се најде на ЕП се сосема реални, но тенка е линијата што раздвојува. Македонските репрезентативки на следните два натпревара ќе мора да се борат за секој гол, затоа што може да се случи и еден гол да решава кој ќе оди на ЕП, а кој остнува дома.