МЕЛЗУНГЕН – ВАРДАР 1961 25-34 (12-17)
МЕЛЗУНГЕН: Бартуц, Паласиц, Сипош 1, Игњатов, Штел, Дростен 6, Стефансон 4, Арнарсон 2, Солер 1, Форсел 2, Менсинг 4, Кравчук, Гвардиола 1, Рицке 2, Вилфер 1, Атинг,
ВАРДАР 1961: Валах, Гогов, Стојановски, Воркапиќ 6, Боно 5, Георгиевски 3, Кеита, Митровиќ 3, Танкоски, Лазаревски 1, Марчињак 2, Тузолана 2, Горига 3, Силва 6, Малус 2, Јанковски 1
Екипата на Вардар 1961 го одигра својот најдобар натпревар во Европската лига сезонава и импресивно го совлада германскиот тим Мелзунген на гостински терен.
Со оваа победа Вардар 1961го освои првото место во групата и ќе ја прескокне Плејоф фазата и ќе оди директно во 1/4 финалето.
Германскиот тим слично како и во Скопје настапи со комбиниран состав во кој ги немаше Криштопанс, Кулеш, Кастенинг, Баленсијага, Мандиќ... И во Скопје и во Германија, тренерот Гарсија Парондо со бодови ја плати сметката за својот избор, а овој пат си додаде уште два меча во календарот, елиминациските со Фредериција на пат кон 1/4 финалето.
Импресивно почна Вардар, поведе со 6-1 пред Парондо да побара тајм аут. Следше уште една серија од 6-1, но за Германците по што во 17 минута беше 7-7. Тоа беше најдоброто што Мелзунген го прикажа во полупразната сала во која како и секогаш кога Вардар 1961 игра на гости има солидна бројка на македонски навивачи.
Вардар 1961 веднаш ја врати доминацијата и поведе со 12-8, а разликата ја одржуваше без поголема мака затоа што одлично играше целиот тим. На полувреме беше 17-12 за Вардар, а веднаш во второто полуреме стана јасено дека Мелзунген нема сила, волја и мотив да се бори со вака расположен Вардар.
Разликата веднаш порасна, Вардар поведе со 28-20 и дојде до позиција да размислува дури и за двоцифрена победа, но за еден гол изостана таквиот расплет.
Конечна победа од 34-25, верификувано првото место и пласманот во 1/4 финалето и достигната веројатно врвната форма пред неделното дерби во Битола.