ТВ ПРЕНОС: Мелзунген - Вардар, Кил - Флензбург...

Три натпревари од последното коло во групната фаза од Европската лига ќе се играат денеска, а ќе можат да се следат и преку директни ТВ преноси.

Покрај мечот меѓу Мелзунген и Вардар што паралелно ќе биде пренесуван на МТВ и на Арена Спорт 2, денеска ќе игра и Нексе против Хановер. Германците ги гледавме и во Скопје на дуелите со Алкалод, а Нексе е мошне веројатно следниот противник на Вардар 1961, па ќе биде убаво да се има подобар увид во нивната игра и тим.
Големото дерби, едно од најголемите во ракометниот свет е закажано во 20:45 часот, а ќе се сретнат Кил и Флензбург.



ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
18:45 НЕКСЕ – ХАНОВЕР (ТВ Арена Спорт 2)
20:45 МЕЛЗУНГЕН – ВАРДАР (МТВ, ТВ Арена Спорт 2)
20:45 КИЛ – ФЛЕНЗБУРГ (ТВ Арена Спорт 3)

Поврзани вести